АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слепите и лицата со оштетен вид од пелагониските општини добија Ресурсен центар каде ќе можат да се едуцираат и на забавен начин да го минуваат времето. Книги на Брајово писмо, техника која ги зголемува фонтовите на пишани текстови, компјутери со аудио програма која овозможува преку говор да се користи интернет, забавни игри и друга техника им е ставена на располагње во Регионалниот ресурсен центар за слепи и лица со оштетен вид што денес се отвори во Битола.
Центарот е сместен во месната заедница „Коле Лачето“, а ќе ги опслужува лицата кои имаат проблеми со видот од општините Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Ресен. Отворен е со помош на локалната, целнтралната власт и УНДП, а останува во сопственост на Здружението на слепи лица од Битола.
„Зградата се реновира, внатрешноста се опреми со лап топи со говорна програма која слепото лице бидејќи не гледа, нема да го чита мејот, туку компјутерот го чита. Таа програма чини многу. Има сензорен екран, долу се става весник или книга и оној кој е слабовиден со диоптер 3,4, 5 ќе можат слободно да го кориси, сезнорната табл го зголемува фонтот на буквите. Има шахови, домино за слепи “, рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица од Битола.
Ова е единствен ресурсен центар во земјава со кој ќе управува Здружение. Сепак, општините од Пелагонискиот Регион во иднина ќе извојуваат пари од буџетот за тој да може нормално да функционира.
„За овој центар да биде одржлив во следниот период Советите на сите овие општини ќе издвојат два отсто од средствата наменети за здруженија на граѓани со што ќе се овозможи и во следниот период овој центар да функционира без пречки односно да врши инклузија на лицата кои имаа попреченост. Ова е пример како може месните заедници да бидат ставени во функција на граѓаните“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Во регионот кој го покрива битолското Здружение има 220 слепи лица, од кои пет мали деца. Пред Центарот денес не се сечеа ленти, туку малата Барбара, девојче со оштетен вид од Битола, ја повлече црвената панделка.
„Центарот се простира на 500 метри квадратни со сите неопходни услови за нашите сограѓани со попреченост. Современ регионален центар со комплетна неопходна инфраструктура, опремен по највисоки стандарди кои ќе ги обезбедат потребите на лицата со оштетен вид. Грижата за лицата со попреченост е еден од првите императиви на Владата, парламентарното мнозинство и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект за да се овозможат еднавки услови за живот и равој на сите наши сограѓани“, рече пратеникот Александар Кирацовски.