2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обезбедени средства за целосна обнова на Офицерскиот дом во Битола

Декември 12, 2018

Офицерскиот дом во Битола комплетно ќе се реконструира, за што се обезбедени потребните  средства. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска на новинарско прашање дали, колку и од каде се обезбедени пари за оваа намена, не соопшти детали, но кусо рече дека јавноста наскоро ќе биде информирана.

-Она што беше мој сон, ќе биде  јаве. За се дополнително, информации ќе добиете наскоро, во деновите што следуваат, рече Петровска.

Офицерскиот дом во Битола е претворен во руина поради негрижата на надлежните во изминатите петнаесетина  години. Овој архитектонски бисер на Широк Сокак, стар повеќе од 1 век,  се распаѓа, покривната конструкција прокиснува, фасадата и внатрешеноста се оштетени, вратите и прозорците уништени, а  од внатрешноста е украдено се што можело да се однесе-нема паркет, електричната инсталација е соголена, ѕидовите се раскопани, а пред неколку години падна и се распарчи големиот кристален лустер.

Поранешниот градоначалник Владимир Талески е обвинет за негрижата на Офицерскиот дом во Битола, за што во тек е судски процес.

На актуелната локална власт пак, овој објект и беше еден од капиталаните проекти најавени во предизборната кампања, а во неколку наврати неодамна, градоначалничката Петровска информираше дека се обезбедени потребните градежни дозволи за реконструкција на објектот.

Според сознанија на апла.мк за Офицерскиот дом во Битола се обезбедени над 1 милион евра, а реконструкцијата теба да заврши во ноември следната година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани