АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако снежната покривка која деновиве се оформи на Пелистер, се уште не е доволна за скијање, сепак голем број битолчани денешниот сончев ден го искористија за прошетки до рекретивните места. Најмногубројни се посетителите во Ски центарот Нижеполе, каде пијат чај и уживаат во прекрасната глетка на снежниот планинснки убавец, а децата се санкаат и се радуваат на снегот.