Релаксирање на бизнис климата и грчки инвестиции очекува Регионалната стопанска комора со имплементација на Договорот од Преспа

Јануари 13, 2019

Регионалната стопанска комора од Битола, очекува дека имплементацијата на Договорот од Преспа, ќе ја релаксира бизнис климата меѓу стопанствениците од Македонија и Грција и ќе ја интензивира соработката. Велат имаат добра комуникација со колегите од грчката Стопанска комора и веќе има најави дел од компаниите кои заминаа  да се варатат во Битола.

-Во  ноември минатата година,  имавме бизнис средба во Атина иницирана од двете Стопански комори, на која учествуваа педесетина компании од Македонија и нешто повеќе од Грција. Тоа се големи и стратешки грчки компании, кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија.  Постоти расположение кај оние компании кои во изминатите години заминаа од Македонија и го преселија својот бизнис во Бугарија, повторно да се врата во нашата земја.  Регионалната Стопанска  комора од Битола веќе има контакти и очекуваме 3 до 4 компании годинава да инвестираат со директни инвестиции во битолскиот регион, односно во Пелагонија, вели Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора-Битола.

Од Комората очекуваат дека воспоставување на добри бизнис релации ќе ге ја зголеми и трговската размена меѓу двете земји, која во изминатите години е преполовена, но исто така, се очекува и пораст на извозот.

-Грција ни е втор  трговски партнер во Македонија, после Германија. До 2006 година имавме околу 1,5 милијарда долари трговска размена. После 2006 имавме дефицит, а сега стигнавме до 800 милиони долари. Но се надеваме дека за скоро ќе има пораст на трговската размена, затоа што Стопанската комора на Грција е добар партнер на нашата Стопанска комора, така што очекуваме интензивирање на соработката меѓу двете држави. Имаме 50 до 60 проценти увоз од Грција, а 35 до 40 проценти извоз. Сега  целта е нашите производи да ги пласираме во Грција, а нашите грчки партнери  убедени се дека по релаксирање на политичките односи, македонските производи ќе бидат прифатени  во Грција, што досега не беше случај и имаше отпор на некој начин. Се надеваме дека за неколку години ќе го изедначиме увозот и извозот, вели Велковски. 

Велковски најавува дека во март годинава,  Стопанските  комори од Македонија и Грција, ќе организраат манифестација во Битола, на која ќе бидат претставени производители на храна од двете држави  со дегустација на производите

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани