АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со дефиле низ битолските улици мото клубовите од градот во соработка со полицијата испратија порака родителите да не им купуваат веспи и други мотори на малолетници помали од 16 години, а моторциклистите да возат со заштитна опрема и според сообраќајните правила и прописи.
Во срцето на градот на конзулите, од чкртаници одвај може да се прочита единствената информативна табла за улицата на конзулите во Битола. Таблата содржи историски факти за конзулското минато на Битола, поткрепени со фотографии од тоа време. За жал, несовесни лица со спреј го исчкртале стаклото од таблата. На неа со напор може да се прочита дека долж оваа улица се распространети зданијата каде што биле сместени францускиот, грчкиот, српскиот, англискиот конзулат.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес се сретна со претставниците на конзуларниот дипломатски кор во Битола. Тој уште синоќа на свеченото отворање ја најави средбата велејќи „за мене е чест што сум тука, немам баш надлежност, ама дека е меѓународен фестивалот, тука се фаќам. Ќе се сретнам утре сабајле со конзулите. Малку да се бавам со нешто што не е баш чиста политика“, рече Димитров. На средбата со Димитров беа дел од конзулите со кои имаа заедничи доручек со традиционални битолски питулици.