2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола досега дала околу 250 медиумски работници

Октомври 27, 2017

Битола е еден од градовите од внатрешноста која дала најголем број на новинари, камермани,  фоторепортери и други медиумски работници. Тешко е да се утврди точната бројка, но се проценува дека низ битолските медиуми до денес поминале околу 250 медиумски работници.

Многумина од нив ја напуштиле оваа професија која се смета за вечен маратон, но има и такви кои не ја заменаа со никоја друга, па се уште творат или веќе се пензионирани како новинари.  

Со години наназад има бројни примери за закараност меѓу медиумските работници, а битолската фела е една од најсложните. Тоа го потврдува секојдневната соработка и дружба на новинарите, камерманите и фотографите од Битола. Доказ е и изложбата од пред две и пол години насловена  „БТ РЕ-ПРЕС“ или „Битолска ретроспектива на новинарството“ која новинарската фела ја организираше во Завод и музеј за да ги прикаже своите доживувања, теренската работа, тешкотиите, но и успесите, наградите и другарувањата. Содржеше фотогрфии од над 200 битолски новинари, сниматели, фоторепортери кои твореле од осамостојувањето на Македонија, па се до денес. 

Еден од најстарите медиумски работници бил Коста Догу кој издавал свој весник „Нов сјај“ и соработувал со други весници уште пред 1941 година. Потоа следуваат Ристо Шуплиновски, Голуб Чакулевски, познат по тоа што белградска „Борба“ ги укина сите дописништва во Македонија, но го остави во Битола до неговото пензионирање, па Ацо Станковиќ, Владо Ласковски, Ристо Невеновски, Спиро Манчевски, Михајло Џима, Димитар Димитровски-Такец и други.  Битолските новинари во поранешна Југославија допишувале скоро за сите белградски, сараевски и загребски весници. Во историјата на битолското новинарство се вградиле „Битолски весник“ кој повеќе од 70 години е хроничар на градот и „Радио Битола“ првото локално радио кое се слушаше дури во државите од соседството, а за жал згасна.

Денес нема телевизија и весник во земјава кој нема свој дописник од Битола, што зборува доволно за важноста на регионот. Секојдневните пулсирања денес преку своите пеачтени, аудио и видео записи ги бележат трите телевизии „Тера“, „Орбис“, „Мега„, весниците „Битолски весник“, „Его“, „Инфо Магазин“ и „Јавност“, „Без навреда“,  „Радио 105“, порталите „Шеталиште“, „Апла“ и други. Се извинуваме ако некој пропуштивме ненамерно.

Сепак, изминатите години беа период кога дел од националните медиуми згаснаа, се затворија дописништва, а поради економската криза дел од медиумите беа принудени да го сведат бројот на вработени до минимум или да ги намалат информативните содржини. Следниот период ќе биде вистински испит за опстанокот на медиумите во Македонија, а секако и на локалните гласила.  .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани