АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес Могила и Новаци избираат градоначалник. Во овие две пелагониски општини има прегласување во вториот круг од локалните избори, откако во првиот не успеаја да изберат кој ќе ги води во следните четири години.
Во Новаци, општина која по површина е една од најголемите во земјава, а воедно и една од најретко населените, право на глас имаат 3.079 гласачи. Тие своето гласачко право ќе го остварат на 24 гласачки места.
Во соседната општина Могила има 5554 гласачи кои ќе гласаат на 23 избирачки места.
Од дветте пелагониски општини, втор круг од изборите се одржува само во две, Могила и Новаци, а останатите седум избраа градоначалници уште во првиот круг..