2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се попосетено корзото од Претор до Крани

Февруари 18, 2019

Овие сончеви денови расте бројот посетители на пешачката зона што ги повзрува туристичките места Претор со Сливница и Крани. Местото слободно може да се нарече Преспанско корзо. Само викендов таму имаше околу петстотини гости од Битола, Прилеп, Ресен и други градови и околни села. Дел рекреираа трчајќи, везејќи велосипеди и ролери, а други пешачеа. Целата патека е долга околу пет километри во еден правец и е рамна без угорнини и удолнини, па е прикладна за пешачење и на деца и на постари лица.

 

Гледката е волшебна зашто од едната страна е Преспанското Езеро, а од другата страна Баба Планина на врвовите со снег. Ова место е и воздушна бања посебно во овој период кога овоштарите не почнале со прескање на јаболкниците. До пред три години меѓу овие дестинации можеше да се патува само во возило. Потоа патеката беше ставена во употреба, па бројот на шетачи постепено се повеќе и повеќе се зголемува.

Дел од патеката, поплочена со бекатон коцки, е наменета за пешаци, а асфалтираниот дел за велосипедисти. Поставени се клупи за оние кои сакаат да одморат и да уживаат во погледот кон Преспанското Езеро. Всушност, самата патека е оддалечена на околу 200 метри од езерото. Поставени се и современи поцинкувани канделабри по должина на патеката, но во вечерните часови нема осветлување.52345100 370711553710446 6883186387537887232 n

Дел од посетителите велат дека во иднина ќе треба околу да се засадат дрвја за да прават сенка. Така туристите ќе можат да шетаат и преку ден на лето кога е топло.  

Она што сите ги привлекува е убавината на Преспа, свежата клима, прекрасните зајдисонца, чистиот воздух. Ваквата убавина само во последните две години привлече над 15 бизнисмени, поранешни директори и познати македонски професори од Скопје да купат вили во Претор и таму да уживаат преку летото или да ги минат пензионерските денови. Со пешачката патека, скокна цената на плацевите што се продаваат во нејзина близина, а во изминатите години тешко се наоѓаа купувачи.52540437 343404956516637 8790807004093349888 n

52881293 535153940226812 2551497894251200512 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани