АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По 33 години во депонијата Мегленци во Битола се купи нова машина, поточно булдожер за насипување на отпадот со цел да се намалат можностите од појава на пожари.
„Минатата година имаше голем прожар и сите тие искуства нас како на раководство ни наметнаа да размилсуваме за инвестирање во механизација во депонијата Мегленци. Но и со остварената заштеда од минатата година ние се одлучивме да набавиме булдожер и тоа нов после 33 години првпат се набаваува нова механизација на депонија Магеленци со што и тоа како ќе се подобрат можностите за побрзо и поредовно насилување на отпадот и да се намалат можностите за пожар“, рече директорот на „Комуналец“ Панде Богоевски.
Булдожерот е платен во готово. Богоевски вели дека по покачувањето на платите на вработените од 8,3 проценти од минатата година, сега се вложува во механизација.
„Наследивме стари машини кои ни создаваат проблеми зашто постојано плаќавме за нивно одржување. Беа набавувани како половни и постојано со проблеми беа. Па, планираме да продолжиме со инвестиции во механизација“ , рече директорот.
На депонијата Магленци денес увид изврши и градоначалничката Наташа Петровска.
„Заштедата што ја направија со домаќинското работење минатата година овозможи да набават ново возило кое е во функција на работењето на депонијата“, рече Петровска.