2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Петар Мирчевски за Апла.мк: „Наградата Златна рамка доаѓа во година кога славам четири децении професионална актерска дејност“

Февруари 22, 2019

„Чест ми е што наградата ‘Златна рамка’ од Друштвото на филмски работници доаѓа токму во година кога славам јубилеј од четири децении професионална актерска дејсност“, изјави легендарниот битолски актер Петар Мирчевски- Пепи за Апла.мк откако ДФРМ соопшти дека тој е добитникот на наградата за филмски актер.

 

Кога го побаравме на телефон да ни даде изјава, Пепи во негов препознатлив стил се пошегува: „За која награда ме прашувате, не е една, не ги бројам“. По шегата, ни изјави дека му е голема чест што ја добива од Друштвото на филмски работници и тоа во во период кој е многу плоден за него како актер, како и за македонската кинематографија.

„Драго ми е што наградата доаѓа за мојот ангажман во 2018 година кога учествував како актер во снимањето на трите филмови ‘Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, 'Лена и Владимир' од режисерот Игор Алексов“ и 'Врба' на Милчо Манчевски. Наградата доаѓа во период кога имаме и голем успех на македонскиот филм на европско и светско ниво. Тоа се големите достигнувања на документарниот филм 'Медена земја' на фестивалот ‘Санденс’ во САД, успесите на филмот „Господ постои, името и е Петрунија" кој е прв македонски филм што влезе во трката за престижната „Златна мечка" на годинешниот 69 Берлински филмски фестивал, како и филмот 'Исцелител' на режисерот Ѓорче Ставревски, кандидат за номинација на годинешниот Оскар од нашата земја“, вели Мирчевски.

Тој на први септември слави 40 години професионална актерска дејност. Се вбројува во доајените на Народниот театар од Битола со одиграни преку 170 улоги и снимени 40 играни филмови.

Ж. Здравковска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани