АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот Завод за рехабилитација слух, говор и глас го опслужува целиот Југозападен Регион во земјава, а има само осум логопеди. Недостатокот на логопеди во нашата држава е евидентен и треба да се обрне внимание на тој проблем, изјави Дивна Живорадиќ Најдовска, директор на Заводот во Битола на стручната конференција што се одржа по повод Европскиот ден на логопедијата во Битола , а тема беше аутизмот.
„ Заводите за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола и Скопје се единствени во нашата држава на кои основната дејност им е логопедска. Логопеди има тек-тук во амбулантите ни градовите. Во битолскиот Завод имаме осум логопеди што е аларматно мала бројка кога ќе се земе во предвид дека го покриваме цел Југозападен Регион, премалку се. Уште осум најмалку недостигаат. Кај децата со аутизам еден од основните проблеми е комуникацијата, а логопедот е тој што ги решева комуникативните проблеми кај децата со аутизам“, рече директорката Живорадиќ Најдовска.
Европски ден на логопедијата е прогласен од Европскиот комитет на логопеди. Ширум Европа на денешен ден се организираат стручни работлиници, трибини за да се насочи свеста на граѓаните кон комуникативните нарушување и улогата на легопедот кон решавање на овие нарушувања.
Годинава темата на стручната конференција во нашата земја, која се одржа во Битола, беше аутизмот. Експерите од земјава и светот алармираат дека бројот на деца со аутизам расте. Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје лани вработиле 14 логопеди и тројца дефектолози со што проблемот со недостиг на ваков кадар е решен за одреден период.
„За првпат во Заводот во Скопје рехабилицискиот третман на децата со нарушување од аутистичен спектар се спроведува по програма изготвена од стручниот тим на Заводот во соработка со Универзитетската клиника за пасихијатрија и претставува мултидисциплинарен пристап во тремантот на овие нарушувања. Се применуваат и голем број светски признати методи. Од први март годинава во Заводот во Скопје започна со работа кабинет за рана говорна јазична интервенција кој има за цел рана детекција, дијагноза и интервенција на децата со развојни нарушувања до три години. За првпат воведовме стандардизација на тестови, прилагодени и преведени на македонски јазик. Раната детекција е важна зашто заштедува труд, пари и прогнозата е најдобра ако се почне од најмала возаст да се рехабилитира детето. Најраната возарат е околу три години да се открие аутизмот“, рече Силвана Филипова, директор на Заводот во Скопје.