2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Изработен сончевиот часовник, дело на последниот Евреин роден во земјава пред депортацијата

Март 10, 2019

Последното родено Еврејче во Македонија пред самата депортација кое го преживеало Холокаусотот, денес познат уметник низ светот, Мати Грумберг проектираше сончев часовник, голема скулптура која ќе ги краси Еврејските гробишта во Битола. Скулптурата која е донација од Израел, по проектот на Грумберг ја изработи фимрата „Пет Битола“ и се наоѓа во нивниот двор после Светонеделските гробишта, а наскоро се очекува да биде поставена во центaрот на Еврејските гробишта.

Со тоа гробиштата ќе станат Парк на живи сеќавања, а часовниот кој има жолта боја, како ѕвездата што ја носеле Евреите за Втората светска војна, сега ќе биде зрак светлина што ќе му даде живот на овие гробишта.

Уметникот Грумберг што го проектираше  часовникот бил роден во скопско село на 4 март 1943 година, само неколку дена пред депортацијата. Неговата баба Дона Ками ѝ предложила на својата ќерка Бела Грумберг од Скопје да се преселат во едно од околните села каде има почист воздух и поздрава храна, за таа таму да се породи. Бела заедно со сопругот Лео и нејзината мајка се преселиле во скопско село и таму се родил Мати.

По породувањето таткото на бебенцето тргнал кон Скопје да побара еврејски обрежувач, а по патот дознал дека собрани се сите Евреи, па со трчање се вратил назад.

„Имаше христијанско семејство со млин за брашно, а татко ми беше инженер. Тие му рекоа 'доколку успеваш да го оджуваш млинот да работи и да меле брашно, ти ќе бидеш наш работник и ние ќе те сокриеме'. И така се спасивме. По војната заминавме за Израел. Во 1965 година бев во Скопје, носев подарок за семејството со млинот , ја отворив вратата од нивната куќа и жената ме погледна и рече мали Матија“, раскажа Грумберг.

Тој во Израел завршил студии на Академијата за уметност Безалел, Ерусалим (1964-66) и магистрирал во Централна школа за уметност и дизајн во Лондон (1969-1971). Живеел и работел во Лондон и Њујорк 44 години. Во 2007 година се вратил во Израел и го отворил своето студио во Бат-Јам. Тој е еден од најголемите активисти за претворање на Еврејските гробишта во Битола во меморијален парк.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани