АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се одбележаа 120 години од матурирањето на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во Воената гимназија во Битола. По тој повод високи воени делагации и други гости присуствуваа церемонијата во битолскиот Завод и музеј.
Во Битола идадија како што се нарекувала во тоа време Ататурк учел три години и како што беше кажано на денешната церемонија, токму во Битола стекнал напредни погледи кон светот и научил многу за историјата. Образованието тука му ги отворило вратите за понатамошен напредок, а со тоа што се образовал во Битола се дигнал мост на пријателство меѓу нашата земја и Турција. За време на тригодишното школување во Битола бил примерн ученик.
„Матурирал под број 7348. Оваа држава има многу значајно место во турскиот културен живот, од каде што потекнуваат голем број команданти и државници кои дадоа значаен придонес во основањето на Република Турција. Битола како еден од најзначајните центри на овие простори во тоа време имала многу значајна улога во животот на Ататурк, посебно во здобивањето нови мисли, погледи и хоризонти. Воената гимназија во Битола придонела во оформувањето на лидерските особенисти на Ататурк. Тој тука ја согледал неповолната ситуација во која се наоѓала неговата земја. За првпат тука се запознал со делата на писателите кои влијаеле врз неговиот живот и тука созрева љубовта кај него кон татковината. Токму тука кај него созрева и љубовта кон историјата. Учел неуморно и се подготвувал за иднината. Во училишните регистри за него било забележано дека бил патриот, ученик кој напредувал по секој предмет, полн со желба за напредок, вреден, амбициозен, полн со самодоверба, елитен, доста успешен во социјалниот живот, учел напорно за да успее“, рече турскиот бригаден генерал Алтан Ер.