АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипите на ЈКП „Водовод" интензивно работеа за санирање на дефектот на главната водоводна линија кај Градската библиотека во Битола. Тие останаа на терен цел ден за да го санираат проблемот со главната водоводна цевка која минува низ улиците Ленинова, Кирил и Меториј и Стево Патако. Вчера претпладне цевката пукна, по што се излеа вода низ улиците во центарот на градот. Но, со брзата интервенција на „Водовод“ излевањето беше запрено, а екипите ги исчистија и улиците каде се насобра земјен нанос.