АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Осквернавена е спомен-бистата на борецот од Втората Светска војна, Стерјо П. Ѓеорѓиевски (1922-1942) поставена во Градскиот парк во Битола.
Од спомен –бистата е оставен само постаментот,а бистата ја нема ниту во близина. На постаментот искршени се мермерните плочи и срушени се на земја. Во исто време е оштетен и постаментот на кој стои бистата на борецот Томаки Димитровски. Осквернавен е и постаментот од бистата на првоборецот Коле Лачето. Фотографиите кои се направени утрово ја отсликуваат состојбата во која вандалите ги оставиле спомен-бистите.
Од СВР-Битола за апла.мк изјавија дека не е пријавен случај на сквернавење на спомен- бисти во Градскиот парк.
Оштетувањето на бисти и спомен обележја во паркот е се почест, тоа се случи и лани летото кога беа осквернавени и обезглавени бисти на народни херои од НОБ.