АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожарот во атарот на потпелистерското село Ротино и натаму е активен, а засилениот ветер го отежнува гаснењето. Кризниот штаб на Општина Битола по одржаниот сосотанок донесе одлука да побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување за да се активираат авионите за гансење на пожари.
Иако првично огнот се ширеше кон моликата на Пелистер, откако ветрот го сменил правецот, моликовата шума засега не е во опасност, но ризик сеуште има, информираат од општина Битола.
Екипите на Територијалната противпожарна единица веднаш излегле на терен со поддршка на јавните претпријатија, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, но местото е тешко пристапно, па гаснењето е исклучително тешко.
Во моментов на терен пожарот го гаснат екипи на ТППЕ од Битола, противпожарно возило од РЕК Битола и од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП „Пелистер“, како и локалното население.
Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.