АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Компот од јаболка „А ла Преспа“, напишаа во иронија граѓани на фејсбук откако на страницата „Моја Преспа, мојот Ресен, мојата судбина“ беше објавена снимка од исфрлени јаболка во Преспанското Езеро. Не се знае кој се ослободил од непродадениот род во езерските води, а далгите веќе дел извадија на брегот во Претор.
Нaликува како местото да го зафатило еколошка катастрофа.
„За ова страврно немам зборови, природата не е виновна за јаболката што останаа без пласман. Тоа ви е исто како во дворот да си ги истурите“, коментираат граѓаните на фб. Други пишуваат да беше наш Солун вака ќе изгледаше полн со ѓубре и јаболка.
Глобалното затоплување и климатските промени од кои веќе со години е погодена Преспа, регион најбогат со јаболка во Македонија, минатата година предизвика стрес кај овошките и појава на абнормална продукција на јаболка. Половина од родот од минатогодишната реколта остана непродаден, а сега очигледно некој од јаболката се ослободил во Езерото.
.