АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Професионалниот нуркач Александар Ацев од Битола, инаку член на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, објави интерсено видео од површинските извори во Преспанското Езеро кои во услови на блага зима без врнежи од снег на повисоките места, се активираат и со подземните води го одржуваат водостојотот на Преспанското Езеро кое последните години се соочува со драматично намалување на нивото на водата. Видеото е направено на плажата во Претор
-И оваа зима со малку врнежи од снег на планините, Преспанското Езеро само се бори за спас. Подземните аквадукти се наполнија и полека го „хранат“ Езерото со вода од површинските изворчиња кои изгледаат слично како американскиот Yellowstone. Треба да сме свесни колку многу значат подземните води околу езерото како главен ресурс на вода за зачувување на водостојот, вели нуркачот Ацев кој ги следи овие површински изворчиња и вели дека е изненаден што сега се посилни од претходните години