АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ова мало општество, како што е нашето, навистна треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или оној начин се разликуваат од сите нас. И тоа зависи од секој од нас“, порача премиерот Зоран Заев на денешната меѓународна научна конференција „70 години организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост“ што се одржа во Битола.
Премиерот беше и покровител на конференцијата. Тој рече дека со политиките што како Влада ги спроведуваат се обидуваат да ги подобрат условите за едукација и вработување на лицата со попреченост. Но, дека уште многу треба да се направи.
„Да повикам за зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе. Тие се исти како и сите нас, само неопходна е поголема поддршка за да може тие да се школуваат, да имаат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат. Знам дека и во други институции, па и по кафулиња работат деца со некаква попреченост. Но, за жал ваквите примери се малку. Ја користам приликата секаде каде што сум шеф да упатам насоки да се вработат колку што може повеќе лица со пречки во развојот. Тоа значи сите владини институции по вертикала надолу“, рече Заев.
Тој додаде дека малубројни се примерите за вклученост на деца со попреченост во образованиот процес.
„Тука мора да се направи многу повеќе. Случајот со неприфаќање на дечињата со попреченот во училиште од нивните врсници, и овде потфрлуваме ние возрасните бидејќи не ги учиме нашите деца да ги прифајќаат различностите. Време е да се отфрли стигната и дискриминацијата од ова мало општество“, рече Заев.
На конференцијата присуствуваа и министрите за труд и социјална политика Мила Царовска, за образование Арбер Аадеми и за здравство Венко Филипче.
„75 проценти од децата се извлечени од институции и ние до 2020 година нема да имаме малолетни лица по институции. Второто е социјалната реформа, оние најранливите треба да ги поддржиме. Нивните семејства да ги поддржиме за да немаат потреба да ги испраќаат нивните деца и роднини во институции. Токму затоа 15 проценти ќе се зголеми детскиот додаток, родителите кои имаат деца со интелектуална или друг вид на попреченост ќе добијат 4 часовно работно време, а ние ќе субвенционираме до 50 проценти од просечната плата. Оние родители кои ќе ги задржат во своите семејства децата и нема да ги да ги дадат во институција, ќе добијат пензија околу 8000 денари и ќе биде еднаква со минималната пензија„“, рече Царовска.
Градоначалничката Наташа Петровска рече дека чест е оваа конференција да се има во Битола, град каде 70 години успешно работи Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух и говор.
„Не постојат разлики, сите сме исти. Разликите постојат само во затворените умови и срца. Секој од нас има на некој начин во подолг или пократок период од својот живот потешкотии, таквите потешкотии единствено се решаваат со подадена рака, со заедништво“, рече Петровска.