АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката Наташа Петровска денеска потврди дека и Владата ставила потпис на договорот за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, така што градежните зафати ќе започнат оваа градежна сезона.
-Договорот за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола ги доби сите потписи вклучително и од Владата од страна на господинот Анѓушев, така да останува да се изврши регистрација во Секретаријатот за европски прашања на тој договор и започнува тендерската постапка по истиот договор. Офицерскиот дом оваа градежна сезона во Битола ќе се гради, изјави на прес-конференција градоначалничката Наташа Петровска.