2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од „Нефа мебел“ во Битола остана само ѓубрето, дуќанот на Широк Сокак испразнет и затворен

Мај 25, 2019

Салонот  за мебел  „Нефа“ на битолски Широк Сокак е затворен и испразнет, како и останатите продавници низ Македонија на оваа српско-руска фирма, а купувачите кои нарачале и платиле, останале и без пари и без мебел. 

Низ излогот се гледа дека продавницата е празна, а пред вратата  има само еден пакет со ѓубре. Салонот во Битола беше отворена во септември 2018 година, на атрактивна локација во близина на Офицерскиот дом.

nefa 2

Македонските и српските медиуми пишуваат дека преку ноќ и без никаква најава фимрата заминала од Македонија, но и од Србија, а не се знае бројот на  купувачи кои  ја  платиле цела сума однапред, потпишале и договор и чекале да поминат 35 дена за испорака на мебелот. 

Но,  во очи на продолжениот викенд ставен е  клуч на врата во „Нефа мебел“. Затворени продавници, исклучени телефони, вработени без одговори и оштетени граѓани на кои не им се знае број.

Телефоните за контакт се недостапни, исто како и веб страната и фејсбук профилот на оваа фирма кои се исклучени.

 Од МВР велат вчера добиле две пријави од граѓани,  а од пазарниот инспекторат пак постапуваат по 5 претставки поднесени последниот месец. За тужба советуваат и од Организацијата на потрошувачи, пишува ТВ Телма. 

Фирмата имаше три продавници во Скопје и по една во Битола, Прилеп, Гостивар, Охрид, Тетово, Велес.  

Српските медиуми вчера објавија дека  српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ која го продава мебелот на руската компанија „Спилит“  ги затворила сите продавници во Србија и во Македонија а сопствениците си заминале. Работниците во фабриката во Врање вчера бараа спас од локалните власти а оштетените граѓани го запоседнаа магацинот на Нефа во Белград во обид да не останат со празни раце. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани