АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кога Битола ќе ја зафати невреме како она пред пред два-три дена, секој гледа да се засолни. Кој и да фрли поглед на горе е за да види дали облакот поминал, а во услови на грмотевица, глетка и не е пријатна. Но, талентираниот фотограф од Битола, Игор Горко со својот фотоапарат успеа да го улови величенственото небо над Битола и Пелистер дури и за време на невреме.
(Фото: Игор Горко во средината)
- Човек останува без зборови кога ќе ги виде твоите фотографии за тоа колку е вечиченствена природата во моменти кога сите се засолнуваат од неа. Што те мотивира да го фотографираш небото?
И. Горко: Ова се циклус фотографии со кои вршам документирање на различни атмосферски појави над нашиот град и блиската околина, со цел на еден експериментално уметнички начин да се сподели убавината која е секаде околу нас, но во ова динамично и стресно време не секој може да ја види.
- Твоите фотографии ја враќаат надежта дека колку и да напреднала технологијата, сепак мобилните телфони не можат да ја украдат магијата на фотографот?
И. Горко: Факт е дека ние сме мал пазар за кај нас да се живее од фотографија, особено денес кога секој со своите мобилни телефони фотографија. Но, тоа не знали дека секој е фотограф. И, не! Магијата на фотографијата никогаш нема да биде украдена зашто таа е во оној кој стои зад фотоапаратот.
- Од кога со фотографијата, како започна дужбата и што те привлекува, инспирира?
И. Горко: Интересот за фотографирање започна пред околу 15 години, аматерски, а потоа и професионално студирајќи и експериментирајќи со различни техники, софтвер и фотоопрема. На смиот старт од чиста љубопитност го „крадев“ фотоапаратот на мојот дедо за да го фотографирам она што ме опкружуваше. Во фотографирањето има повеќе аспекти кои ја компонираат содржината на фотографиите. Тоа се крајната цел, понатаму дали фотогрфаијата ќе биде сценирана или ќе се улови момент од случка... Мислам дека моментите се многу важни. Доколку не успеете да го доловите моментот кој вие го гледате во таа секунда, приказната, пораката е веќе изгубена.
Ж.З.