АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги потсвила колениците на групната фотографија на која со своите сопартијци се сликале во населбата Ушици каде бараат глас повеќе за претстојните двојни избори, претседателски и парламентарни.
Ваквото позирање на министерката која е претендент за нов мандат во македонското Собрание, многумина што ја видоа фотографијата ја толкуваат како понизност пред гласачи, а други пак како неумесно позирање, особено што цела група сопартијци околу неа стојат стамено.
Од толку многу фотографии и позирања на министерката, ОО на СДСМ Битола не пропушти на својот Фејсбук профил да ја објави јавно и оваа фотографија.
Фото Фејсбук СДСМ Битола