2win800x200

Битолчани очекуваат министер во реконструираната Влада

Мај 27, 2019

Барем едно од министерските места во Владата што ќе се реконструира да биде пополнето со кадар од Битола, очекуваат битолчани. Целта е да се лобира повеќе во Владата за проекти кои се значајни за Битолскиот Регион.

Биточани четири години немаат добиено министерско место. Во Владата на Заев од Битола беше само заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, кој потоа беше поставен за национален координатор од истата област.

 

Последниот министер битолчанец беше Иво Ивановски, во Владата на Никола Груевски, кој ја обавуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација во периодот од 2008 до 2015 година.

Пред него, министер исто така во периодот на Груевски, беше и биточанецот Зоран Коњановски кој го водеше Министерството за одбрана до 2011 година. Потоа беше поставен за заменик министер за земјоделство.

Битоа имаше и еден вицепремиер во Влада предвидена од екс премиерот Груевски, тоа беше универзитетскиот професор Живко Јанкуловски, кој ги имаше ресорите земјоделство и образование.

Во претходните владини состави, од осамостојувањето на државата, битолчани најчесто биле министери по урбанизам, а потоа овој примат им го зедоа прилепчани. Од битолчаните кои седнаа во министерска фотеља беа Јорго Шундовски по урбанизам и градежништво од 1994 до 1997 година, по него Томе Тромбев, на чело на истото министерство во 1997- и 1998 година, како кадри на СДСМ. Подоцна во Владата на Груевски, па и Заев , министерите за транспорт и врски беа прилепчани. Од ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиевски, а од СДСМ Горан Сугаревски. Сепак, од Битола беше и заменик министерот за транспорт и врски Горан Михајловски од Социјалистичката партија како коалиционен партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еден битолчанец од редовите на СДСМ кој беше на министерска позиција е Благој Стефановски, прв човек на Министерството за култура во периодот од 2002 до 2006 година.

Во Владата на Љубчо Георгиевски министер за здравство исто така беше биточанец, докторот Петар Илиевски од Социјалистичката партија на Македонија.

Според ова од осамостојувањето до денес Битола дала еден вицепремиер, шест министри и три заменици министри.

По пауза од четири години битолчани се надеваат дека редно е во владиниот состав да влезе барем еден битолчанец, со што градот ќе има барем еден функионер во власта, да влијае за поддржување на прокети важни за градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани