2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ПАМЕТНИ ВЕНЕЦИЈАНЕРКИ - ПОБЕДНИК НА,, ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ 2,,

Јуни 12, 2019

На повикот на „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој Фондот за иновации и технолошки развој го организира во соработка со Министерството за образование и наука во силна конкуренција ОУ ,,Даме Груев,, од Битола го освои првото место со најголем број на поени.

 Oвој тим е предводен од менторот наставникот Валентина Степановска - Андоновска е составен од учениците: Андреј Јовановски, Христијан Николовски и Михаил Јанакиевски кои се посебно истакнати во полето на физиката како освојувачи на многубројни награди од различен тип на натпревари.

Нивната иновација се однесува на искористување на сончевата енергија за осветлување, а насловот на проектот е „Паметни венецијанерки“, - со поставување на соларни панели од надворешната страна на венецијанките-сончевата да се претвора во електрична и потоа електричната енергија во светлинска, но и за напојување на: мобилни телефони, таблети и сл.

Со овој проект се докажува дека учениците во основното образование имаат потенцијал и иноваторски способности кога имаат поддршка од нивните наставници – вели директорот д-р Роза Јовановска, но секако им е потребна и поддршка од другите чинители во општеството.

При изработкаат на проектот тимот поаѓа од хипотезата: „Дали осветлувањето што ќе го даваат „паметните“ венецијанерки ќе ги задоволува минималните нормативи за соодветниот тип на примена?“

            За имплементација ќе се искористат постоечките венецијанер-завеси кои ќе бидат носители на соларните ќелии од страната на прозорецот-сончевата страна, па заедно со системот за претворање и складирање на енергија, на истите тие завеси ќе бидат монтирани ЛЕД диоди за осветлување на внатрешната страна т.е. просторијата и ќе формираат еден покомплексен фотоволтаичен систем. Исто така целта е да се добие и електрична енергија за напојување на други електронски уреди со помош на соодветен претворувач на нивниот потребен напон.

Со оваа иновација за користење на бесплатна сончева енергија се заштитува животната околина, се заштеда на електрична енергија, нема трошоци за инсталирање на напојувачка мрежа од страна на електроенергетските компании, има повратна инвестиција (во период од една година), возможна мобилност на системот (лесно преместување на друга локација) и преадаптација на системот. Овој проект секако и дека би имал имплементација за понатамошно мултиплицирање во училиштето, во другите училишта ширум нашата земја па можеби и пошироко. Со овие „паметни“ венецијанерки би можеле да се опремат и: болници, аеродроми и други јавни установи, а секако да најдат соодветно место во секој дом. Заради оваа причина финалниот производ би можел да се изработува во индустријата со подобрување на неговите механички карактеристики.

a2

Истражувачкиот процес и резултатите од овој проект-иновација на дигитален и практичен начин ќе им бидат презентирани на учениците и наставниците на училиштето. Со тоа би постигнале усовршување на практичните вештини со имплементација на иновацијата, како и посочување на начин како учениците да си ја подобрат средината во училиштето со внесување на нови технологии. Најважно од се ни е да бидеме пример и поттик за другите ученици-иноватори за подобрување на училишната средина смета наставничката Валентина Степановска- Андоновска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани