АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е санација на спортската сала во Основното училиште „Трифун Пановски“ во Битола, за која директорот на школото Пецо Димовски вели дека досега била во незавидна состојба.
„Деновиве, со средства од Општина Битола, се работи на санација на спортската сала во училиштето, која е во незавидна состојба. Санацијата ги опфаќа ѕидовите, таванот и партерното уредување. Во текот на денот добивме и донација од приватна команија која како општествено одговорна фирма ни излезе во пресрет на нашите барања и донираа посна и мрсна боја за целосно бојадисување на внатрешните ѕидови во сите простории во училиштето“, истакна Димовски.
Со поддршка од Општината, вработените, родителите и донатори ќе се работи на повеќе места во училиштето со цел подобрување на условите за настава во „Трифун Пановски“.