АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на такси превозници во Битола до редакцијата на апла.мк испрати поплака за некултурното однесување на нашите сограѓани поради узурпацијата на паркингот за такси возила. Од Здружението се пожалија дека надлежните институции, односно сообраќајната полицијата и комуналната инспекција не им излегуваат во пресрет на овие нивни реакции.
Од фотографиите може да се види дека на такси паркинзите се паркираат и други возила, иако овој паркинг простор не е дел од зонското паркирање.
Недостигот на сообраќајна култура на сите учесници во сообраќајот, посебно на возачите целосно дојде до израз во Битола во овој преоден период додека јавното претпријтие за паркинзи ја преземе надлежноста околу зонското паркирање.
Во овој период кога паркирањето не се наплаќа, освен на дозволените паркинг места, граѓаните да ги паркираат авотмобилите каде ќе стигнат. Па, така може да се види како возачите ги узурпираат не само такси паркинзите, туку и зелените површини, тротоарите и други места каде е забрането паркирање.