2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На Меѓународниот младински камп театарска претстава за Еврејката од Битола која го преживеа Аушвиц

Август 05, 2019

Животната приказна полна страдања на Гита Калдерон, една од неколкуте Евреи од Битола кои го преживеаја Холокаустот, преточена во театарски перформанс од страна на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ под водство на професорот Никола Трајковски, ќе биде одиграна на Тумбе Кафе на 11 август годинава. Претставата е дел од четвртиот Меѓународен младински камп „Патоказ кон помирување 2019“ што од 4 до 18 август се одржува во Битола.

Гита ги преживеа ужасите на работниот логор во Аушвиц, Полска, па Берген Белсен во Северна Германија и Маутхаузен во Австрија. На животи ја напиша својата приказна и таа е преведена на македонски јазик.

Ќерката на Гита, Сарале Гудман Калдерон и внуците Михал, Боас и Јаел дојдоа од Израел за  време на Маршот на живите во  март 2018 година во Битола. Тие се запознаа со германски и македонски студенти. Зборуваа за приказната за Гита, а потоа одлучија дека навистина има потреба од приближување меѓу младите Германци, Македонци и Израелци. Михал реши да ги собере младите Израелци од нејзиното соседство во Цур Јигал и
да ги подготви за патување во Битола во март 2019 година. Тие дојдоа и запознаа група од 25 Германци. Заедно со ученици од училиштата „Јане Сандански“, „Јосип Броз Тито“ и „Црвен ксрт“ од Битола беа меѓу стотиците на „Маршот на живите“...Минатото лето ментори  и млади лидери од Црвениот крст -  Битола, наставници и ученици „Јосип Броз Тито“ и „Јане Сандански“ од Битола, како и од PAULUSGEMEINDE STAUFENBERG, Германија, заедно со YOUTH CENTER of TSUR YIGAL – Израел се согласија дека треба да се одржува „Патоказ за помирување“ .Ова е четвртиот  заеднички камп на младите од Германија, Израел и Македонија.млади 22

„Околу педесетина млади Германци, Израелци и Македонци преку заедничко дружење, работилници, спортски активности, тренинзи за прва помош и спасување, посета на знаменитости во земјата  и културни активности учат за процесот на помирување, како историско, така и духовно.  Тие сакаат да се слушаат едни со други, да си поставуваат прашања-специфични за возраста и да се забавуваат заедно. Помирувањето може да се случи, кога луѓето ќе ги раскажат своите приказни за надеж, соништа и предизвици, но и за нивните стравови, разочарувања и тага...Така стануваат поблиски, ги рушат бариерите и предрасудите и градат свој автентичен поглед едни за други“, вели Тоше Ивановски од Центраот за културна деконтаминација од Битола.

ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ГИТА КАЛДЕРОН

Потомците на битолското еврејско семејство Калдерон, кои беа разделени на три континенти Европа, Америка и Азија, лани во март на 75 годишината од депортацијата на битолските Евреи се сретнаа во Битола. Меѓу нив и Сара Ле Гутман Калдерон, ќерката на единствената Еврејка од Македонија, Гита Алегра, која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц. Гита починала во Израел, а на смртна постела посакала ќерка ѝ да ја посети Битола.

„Кога бев десетмесечно бебе со моите родители од Битола се преселивме за Израел. Денес живеам во Израел, но срцето ми е во Битола. Иако не растев во родниот град, растев со приказните за него, за Драгор, Безистенот, шеталиштето. Моите родители беа вљубени во градот. Зборуваа еврејски, но кога ќе ни дојдеа гости дома во Израел меѓу себе комуницираа на македонски. Јас научив неколку зборови, но разбирам многу повеќе “, рече Сара Калдерон.

Нејзините родители побегнале од Битола ден пред депортацијата на Евреите во 1943 година. Ја минале грчката граница и се засолниле во Костур. Заедно со Гита бил и нејзиниот брат Шабтаи, многу музикален битолчанец кој свирел на храмоника. Пред заминување морал да се раздели и со инструментот и го дал на чување кај битолчанец.

„Мојот татко се придружи на партизаните, мајка ми со брат ѝ остана во Костур. Татко ми се обиде преку езерото да дојде да ги земе со брод со уште еден човек, но германските офицери ги забележаа и пукаа на нив и не успеаја во намерата. Во 1944 година Германците ги зедоа сите Евреи од Костур и ги однесоа Аушвиц. Мојата мајка и брат ѝ беа одведени Во Аушвуиц и други логори. На крај од 1000 жени, преживеаја само тресетина кога Американците пристигнаа и ги ослободија“, раскажува ќерката Сара.ааа

Нејзината мајка и вујко ѝ биле ставени во работните единици, така ја одбегнале смртта. Во јануари 1945 Аушвиц бил евакуиран. Мнозинството затвореници биле испратени на таканаречениот Марш на смртта, долг 50 километри на студено време под нулата, а затворениците биле во тенка облека. Од 60 000 затвореници живи останале само 15 000. Потоа, Гита била испратена и во други логори, на крај во Маутхаузен, Австрија. Таму американската војска ја ослободила на втори мај, неколку дена пред капитулацијата на Германија. И нејзиниот брат ја дочекал слободата, но изнемоштен починал два дена по ослободувањето од логорот во Германија.

„Мајка ми се врати во Битола, а тука беше татко ми. Се враќаше со воз и тогаш се видоа, еден за друг не знаеја дека се живи. Се зедоа, се родив јас и заминавме во Израел“, вели Сара.

По војната, на семејството ѝ била вратена хармониката на Шабтаи и палтото на дедо им   Моше од страна на битолчаните. Денес се изложени во Музеј во Израел посветен на Холокаустот. Имено, палтото на Моше Шами од Манастир, како што се води во Музејот, го сошил зимата 1943 година. Но, потоа се забранило Евреи да поседувате топли палта, па тој бил прнуден да му го даде на битолчанец, а тој со тенка јакна бил испратен во логор во Бугарија.палтото на дедото на сара моше шамиШабтаи Шами подарок од родителите во 1939

(Палтото на Моше Шами и армониката на Шабтаи Шами) 

 

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани