2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Локум фест“ ќе ја отвори сезоната на концерти во Битола по ковид забраната

Јули 21, 2020

Со три концерти на познати македонски етно бендови „Локум фест“ со 14 издание ќе ја отвори сезоната за концерти во Битола по ковид-забраната. Од утре до петок во Пациото на Завод и музеј во Битола со почеток од 21 часот ќе настапат: на 22 јули „Чалгија саунд систем“, на 23 јули „Баклава“ и на 24 јули „Љубојна“. Концертите ќе се одржат строго по протоколите за заштита од ковид-19, а влезници можат да се набават по 100 денари за првите две вечери и 150 за завршната вечер во „Култур кафе“ во Битола, најдоцна два часа пред одржувањето на настаните. Средствата од влезниците се наменети за трошоците од организацијата на Фестивалот

 

„Протоколите за организирање на културни настани поради ковид-19 нѐ носат во прекрасниот простор на Завод и музеј во Пациото каде ќе можат да се пополнат околу 300 седишта, а битолската публика ќе може да проследи три прекрасни концерти, има најава и за гости од други градови. Најактуелните моментално, но и во последните десетина години македонски групи ‘Чалгија саунд систем’ имаат ново издание кое во Битола не е промовирано, ‘Баклава’ кои имаат нов албум кој кај нас не е отсвирен и ‘Љубојна’ кои имаат нов материјал“, рече Тоше Ивановски, организатор на „Локум фест“.

Покрај музичките настапи, ќе се одржи и Саем на ракотворби на Магнолија. За жал, годинава поради околностите со пандемијата, спонзорот на локуми се повлече, па локуми може само симболично да има на фестивалот.

„Локум фест е средба на културите кои битисувале овде. Веќе 14 години се обидуваме традицијата да ја држиме актуелна и будна, да ја потенцираме како наше важно културно наследство кое може да има и туристичка употребна вредност, да биде еден препознатлив атрибут на културната понуда. Важен е за културниот туризам за што Битола верувам дека допрва ќе развива стратегија имајќи го во предвид тоа како се движат работите и со Офицерскиот дом“, рече Ивановски.

Инаку „Локум фест“ е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола. За в година, за 15 издание најавено е дека ќе биде отворено со настап на Влатко Стефановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани