2win800x200

Гулабите се селат од Центарот за култура во Битола

Ноември 17, 2017

Центарот за култура во Битола, десно од главниот влез постави железно скеле за санација на ламперијата на покривот од објектот,  каде што се гнездеа диви гулаби. Но за жал неколку дена изведувачот „заборавил“ да ја  обезбеди локација,

па граѓаните навикнати да поминуваат на оваа патека, се изложуваа на ризик ,  особено  оние граѓани повисоки по раст,  коишто мораа  да се наведнат за да не се повредат од железните прачки. Директорот на Центарот за култура, Зоран Димовски, за апла.ме вели дека изведувачот бил предупреден да го обезбеди местото со соодветна сигнализација.  За  половина час по нашето јавување  изведувачот  си ја поправи грешката и  постави мрежа околу металното скеле.image 0 02 05 ff6f89c4472e6c47a039a1a2508645fd5ea79bbf494484e7206b24dc3e2eed29 V

-Ја санираме ламперијата  во чии дупки се  гнездеа гулаби. На изметот од гулабите регираа и граѓаните, изведувачот денеска го обезбеди просторот и до недела ќе заврши санацијата на дел од покривната конструкција-рече Димовски..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани