АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Големата сала на Центарот за култура во Битола вечерва беше полна со публика која заедно со изведувачите на манифесtацијата „Незаборав“ ги пееше познатите фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест „Валндово“ во периодот од 1985 до 2001 година. „Ако згрешам нека изгорам“ , „Еј другари“, „Дајте ми ја“, се само дел од вечерашниот репертоар на „Незаборав“, посветен на познатите битолски музички легенди што годинава по деветти пат во рамките на Битфест го организираше неуморниот продуцент од Битола, Панде Димитровски.
Познатите фолк рефрени вечерва битолчани имаа можност да ги слушнат во изведба на групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска.
Низ ова музичка прошетка публиката ја водеше Силвана Петрова Насух.
Претходните години „Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков и „Битолските конзули“.