АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска започнува наплатата на паркинг услугите на четирите затворени паркинзи во Битола: кај Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала, информираат од јавното претпријатие за паркинзи.
-Завршени се сите кадровски подготовки, опремени се просториите со потребната опрема, ставени во функција терминалите и рампите на четирите наведени локации. Наплатата на услугите ќе се врши согласно новиот ценовник во кој е извршено намалување на цената на паркинг сесијата, вели Зоран Дојчиновски, директор на ЈП паркинзи.
На трите затворени паркиралишта Јавор, Стара автобуска и Центар за култура, цената на услугата изнесува 30 денари за два часа, а секој нареден час плус 25 денари, додека цената на услугата на паркингот кај спортска сала "Боро Чурлевски" изнесува 30 денари цел ден. Наплатата на услугите ќе се врши од 7-21 часот од понеделник до сабота.
-Со почнувањато со работа на јавното претпријатие отпочнува процесот на решавање на сообраќајниот режим на паркирањето. Дополнителни информации кои се однесуваат на режимот на паркирање граѓаните можат да добијат на телфонскиот број 047 222 999 или да ги посетат просториите на јавното претпријатие на ул. "Солунска" бр. 83-а Битола, вели Дојчиновски.
Систем за наплата во зонското паркирање ќе биде воспоставен во онај момент кога ќе се потврдат трасите на мобилните оператори за испраќање на СМС протоколите за наплата, за што во тек е тестирање.