2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Четири еколошки автобуси и комбиња ќе набави Општината за намалување на аерозагадувањето

Август 29, 2019

Општина Битола ќе набави 4 еколошки автобуси и 4 до 5  еколошки мини комбиња кои ќе бидат вклучени во јавниот превоз на градот. Вкупната вредност на овие возила е 1 милион и 250 илјади евра. Автобусите ќе бидат вклучени во меѓуопштинскиот училишен превоз, а комбињата ќе се користат за потребите на граѓаните, за спортисти и спортски натпревари, здруженија на граѓани, ученици, пензионери и др. И автобусите и комбињата ќе бидат во сопственост на новото јавно претпријатие за паркинзи и превоз.

-Денеска почнуваме процедура со која Општина Битола ќе набави 4 еколошки автобуси и 4 мини комбиња на метан. Со тоа ќе покажаме дека се грижиме за животната средина и за потребите на граѓаните. Набавката на автобусите е околу 1 милион евра, а комбињата вкупно 250 илјади евра, изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Ооштина Битола

Автобусите ќе се набават со кредит со поволни услови преку Министерството за финансии од проектот "Подобрување на меѓуопштинските услуги", а комбињата од сопствени средства на Општина Битола. 

За опозициската ВМРО ДПМНЕ набавката на овие еколошки возила е дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.

-Се задолжува  Општина Битола без тоа да биде предмет на дискусија на пошироката јавност, не слушнавме мислење од експертската јавност. Зборуваме за власт која дојде на власт повикувајќи се на транспатентност, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани