2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Граматковски-Водата од Стрежевската акумулација и на температури од 40 степени ова лето стигнува до сите водокорисници

Август 30, 2019

И покрај сушата што ги зафати Битола и Пелагонија Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола  во целост ги исполни своите обврски за снабдување на своите корисници со квалитетна вода и количина која им беше потребна. Во овој момент се испорачува вода за Јавното комунално претпријатие „Водовод“ за снабдување со вода за пиење на граѓаните од општина Битола, општина Новаци и општина Могила. Вода испорачуваме и за најголемиот енергетски комбинат во државата РЕК Битола, и секако водата се испорачува и до последната насадена нива опфатена со хидросистемот во Пелагонија, вели за Апла.мк првиот човек на ЈП „Стрежево“ -Битола, Менде Граматковски.

-Мора да се истакне дека оваа година е една од најсушните години откако е Хидросистемот Стрeжево во функција т.е. од 1982 година. Врнежи оваа година имаше многу малку и дотоците на вода во акумулацијата соодветно беа едни од најмалите. Во овој сушен период дневно се случува да има и испорака на вода од 700.000 до 800.000 метри кубни за сите водокорисници, изјави Граматковски генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

мнеде 1

Граматковски нагласува дека само акумулирањето и рационалното трошење на водата како  важен ресурс од страна на вработените во претпријатието допринесе граѓаните од Битола и Битолско да не ја почувствуваат годинешната суша.     

мнеде 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани