АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола го објави договор меѓу ракометните клубови РК Пелистер и Еурофарм. Во соопштение до јавноста Општината пишува дека „завршницата на процесот зависи исклучително од спроведувањето на книговодственото усогласување“.
-Го доставуваме на увид на јавноста предлог Договорот за уредување на капиталната и управувачка структура на двата ракометни клубови, кој што треба да биде усвоен на седница на Совет. Истиот е изработен после низа состаноци кои се одржуваа по донесените одлуки од Советот, кои дефинираа чекори од постапкаата. За да се реализира истиот, согласно договорот и член 4 од него, треба да биде извршено книговодствено усогласување. До овој момент градоначалникот на Општина Битола нема добиено уредна документација од РК „Пелистер“, со која се потврдува книговодственото усогласување.
На крајот од минатата недела добиен е мејл од страна на „Еурофарм“ во кој што се бара книговодственото усогласување да се изврши, по што градоначалникот во втор наврат вчера испрати дополнителен допис до Управниот одбор на РК „Пелистер“.
Завршницата на процесот зависи исклучително од спроведувањето на книговодственото усогласување, пишува во соопштението од општината.
http://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2019/10/Dogovor.pdf
ДОГОВОР ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАПИТАЛНАТА И УПРАВУВАЧКАТА
СТРУКТУРА НА РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК АД Битола и РК
ПЕЛИСТЕР АД Битола
Склучена во Битола на ден ....10.2019 меѓу:
1. Општина Битола, со седиште на Булевар 1-ви Мај бр. 61, Битола,
застапувана од Градоначалникот М-р Наташа Петровска во својство на
акционер на РК ПЕЛИСТЕР АД Битола (во натамошниот текст:
Општината)
2. Зоран Стерјев/Горан/Татјана/Силјан од Скопје, со стан на ул.______, со
ЕМБГ______ и рег. бр. ________ во својство на акционер на РК
ЕУРОФАРМ РАБОТНИК АД Битола, (во натамошниот текст: договарач)
3. РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК АД Битола, со седиште на ул. Добривоје
Радосављевиќ бр. 3 Битола, со ЕМБС ______ , претставувано и
застапувано од Димитар Митревски, со полномошно од генералниот
директор Бојан Стефановски (во натамошниот текст: РК ЕУРОФАРМ
РАБОТНИК)
4. РК ПЕЛИСТЕР АД Битола, со седиште на ул. -------------------------- бр. Битола,
со ЕМБС ----------------- застапуван од генералниот директор -----------------------
------- (во натамошниот текст: РК ПЕЛИСТЕР)
Член 1
Предмет на овој Договор е уредување на односите меѓу договорните страни, како
и нивните меѓусебни права и обврски, кои ќе произлезат од овој Договор, а се
однесуваат на капиталната и управувачката структура на РК ЕУРОФАРМ
РАБОТНИК и РК ПЕЛИСТЕР.
Договорните страни изрично се согласуваат дека овој договор не значи и не
претставува основ за припојување, преземање, поделба или било која друга
статусна промена на РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК и/или РК ПЕЛИСТЕР во смисла
на одредбите на Законот за трговски друштва.
Член 2
Основ за составување и потпишување на овој Договор се следните правни акти:
Платформа за ракометна Битола, доставена до Општината од страна на РК
ЕУРОФАРМ РАБОТНИК на 03.07.2019 година
Заклучок за усвојување на Платформата за ракометна Битола бр. 09-105/3 од
30.07.2019, донесена од Советот на Општината на 38-мата седница и
Забелешките во однос на Заклучокот за усвојување на Платформата за
ракометна Битола, доставени од страна на РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК во
Општината на ден 31.07.2019 година.
Член 3
Договорните страни се согласни од моментот на потпишувањето на овој
Договор па во иднина:
РК Еурофарм Работник да го промени своето име во РК Еурофарм Пелистер,
клуб кој во оваа натпреварувачка сезона ќе ги има правата да се натпреварува
во Лига на шампиони и СЕХА лига.
РК Еурофарм Пелистер во тековната сезона ќе настапува во плаво бели и бело
плави дресови на кои ќе биде официјалниот грб на РК Пелистер. Од наредната
сезона официјални дресови на клубот ќе бидат плаво белиот и зелено белиот
дрес.
РК ПЕЛИСТЕР ќе го промени своето име во РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2, клуб
кој ќе игра во македонската супер лига, Челинџ купот и ќе претставува база за
развој на млади ракометари кои во овој клуб ќе стекнуваат искуство и ќе се
спремаат да заиграат во РК Еурофарм Пелистер во наредните сезони.
РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 натпреварите на домашен
терен ќе ги играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без надомест
за тренинзи, утакмици и без наплата за режиските трошоци за користењето на
истата.
Управите на клубовите самостојно одлучуваат за начинот на рекламирање
имајќи ги во предвид пред се правилата на СЕХА и Лига на шампиони, а секако
и поединечните договори со спонзорите.
Двата клуба да имаат приоритет во користењето на спортската сала, а управите
да направат план и распоред на користење на салата, а Советот за истиот да
донесе одлука.
Член 4
Во однос на капиталната структура на РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК и РК
ПЕЛИСТЕР, договорните страни се согласни на следното:
РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК да купи по номинална вредност 75% од акциите кои
општината ги има во РК ПЕЛИСТЕР, согласно позитивните законски прописи на
РСМ, како резултат на што соодносот на акциите во РК ПЕЛИСТЕР да биде: 75%
во сопственост на РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК И 25% во сопственост на Општина
Битола;
Општината да купи по номинална вредност 25% од акциите (125 обични акции),
кои акционерот Горан/Татјана/Силјан/Зоран Стерјев ги поседува во РК
ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, согласно позитивните законски прописи на РСМ, како
резултат на што соодносот на акциите во РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК да биде:
75% во сопственост на постоечките акционери (Силјан Мицевски, Татјана
Стерјева и Горан Петровски, Зоран) и 25% во сопствност на Општината.
Пред купувањето на акциите ќе биде постигнато сметководствено усогласување
на двата клуба. РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК ќе купи 75% од сопственичкиот удел
на општина Битола во РК ПЕЛИСТЕР само доколку при сметководственото
усогласување се утврди дека РК ПЕЛИСТЕР не поседува долгови и обврски.
Доколку во иднина се појават други непријавени обврски на РК ПЕЛИСТЕР кои
се со датум од пред купување на акциите во РК Пелистер од страна на РК
Еурофарм Работник и кои не биле предмет на сметководственото усогласување,
подмирувањето на тие обврски (по сите основи) ќе го превземе Општина Битола.
За таа цел во прилог на овој договор ќе се додатат аналитички заклучен лист и
спецификации на побарувања и обврски на двата клуба со датум на денот на
потпишување на овој договор и истите ќе се сметата за составен дел на овој
договор.
РК Еурофарм Работник се обврзува дека нема да го згасне правниот идентитет
на РК Пелистер. Доколку од објективни причини во иднина се наметне потреба
клубот РК Пелистер да се даде во владение на друг сопственик, РК Еурофарм
Работник е должен одлучувањето за новиот сопственик да му го препушти на
Советот на Општина Битола. При евентуално превземање на РК Пелистер од
друг сопственик, РК Еурофарм Работник има право само на материјален
надоместок кој ќе биде идентичен со сумата на материјални средства кои РК
Еурофарм Работник ќе ги вложи при купување на акциите на РК Пелистер. При
таква ситуација сопствениците на РК Еурофарм Работник ќе ги откупат 25% од
акциите во РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК кои ги поседува Општина Битола и ќе ја
ослободат Општина Битола од сите понатамошни обврски кон РК ЕУРОФАРМ
РАБОТНИК.
Член 5
Договорните страни се согласни вкупниот годишен буџет на двата клуба да
изнесува најмалку 60.000.000,00 денари (ракометната година ќе се смета од јули
тековната до јули наредната година).
Врз основа на утврдениот сооднос на акциите во РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК и
РК ПЕЛИСТЕР во член 4 од овој Договор, договорните страни се согласни на
следното:
Општина Битола почнувајки од натпреварувачката сезона 2019/2020,во
наредните 5(пет) натпреварувачки сезони да обезбедува 15.000.000,00 денари
по натпреварувачка сезона (доколку РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК игра во
европски натпреварувања и СЕХА лига) за финансирање на двата клуба
(општината при обезбедувањето на средствата ги има на располагање 25% од
сите ресурси и можности на клубовите) и
РК Еурофарм Работник, преку своите спонзори/донатори да обезбедува
најмалку 45.000.000 денари годишно за финансирање на двата клуба (РК
Еурофарм Работник при обезбедувањето на средствата ги има на расолагање
75% од сите ресурси и можност на клубовите).
Договорните страни се согласни преку своите одбори на директори да ги
утврдуваат буџетите на двата клуба на годишно ниво и врз основа на нивната
одлука да се вршат вложувањата на акционерите од претходните ставови на овој
член.
Догворните страни се согласни евентуалната добивка на двата клуба, која би се
остварила после подмирувањето на сите обврски да се подели сразмерно на
бројот на акции, кои ги поседуваат секој од акцинерите на двата клуба.
Исплатата на средствата од страна на Општина Битола ќе се врши
според фискалните можности и законски обврски на општината и нема да се
бара исплата на обврските на еднакви месечни рати, ами општината е должна
својата обврска на годишно ниво да ја подмири најдоцна до крајот на секоја
натпреварувачка сезона. За првата година од договорот 2019/2020 година, во
годишниот буџет ќе се земат во предвид сите средства кои ги вложиле двете
страни поединечно во двата клубови од 01.07.2019 година и кои се однесуваат
на обврски за екипите за сезоната 2019/20 година (плати на играчи и тренери за
јули и август, опрема за тренинг и утакмици, припреми на екипата, патувања и
други обврски прифатливи за двете страни). Средствата кои се потрошени за
подмирување на стари долгови и не се однесуваат на реални потреби за
сезоната 2019/20 нема да се врачунуваат во заедничкиот годишен буџет.
Член 6
Во однос на управувачката структура, договорните страни се согласни, а имајќија
во предвид сопственичката структура, општината во двата клуба да предложи по
два свои претставници, во својство на неизвршни членови во одборите на
директори, а останатите седум членови да бидат претставници на мнозинските
акционери.
Член 7
Договорните страни се обврсуваат најдоцна во рок од 7 работни дена од
потпишувањето на овој договор да ја започнат формално-правната постапка,
согласно позитивните законски прописи за негова целосна реализација,
вклучувајчи но не ограничувајчи се на постапка за купопродажба на акции,
постапка за евидентирање во Централниот депозитар на РСМ, постапка за
промена на називите на двата клуба.
Член 8
Овој Договор се однесува за временски период од 5(пет) години и тоа од
01.09.2019 до 01.09.2024, сметано од денот на неговото потпишување и е
склучен во 4 подеднакво важни примероци од кои по еден за секоја договорна
страна.
По истекот на важноста на овој договор, доколку не се постигне согласност за
продолжување на истиот, Општината и РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК се
обврзуваат да постапат во смисла на член 4 став 4 од овој договор
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
Општина Битола
Градоначалник м-р Наташа Петровска
Горан/Зоран/Татјана/Силјан
РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК АД Битола
Димитар Митревски
РК ПЕЛИСТЕР АД Битола
-----------------------------