2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

УРБАНИСТИЧКИ ПРАВИЛА ВО БИТОЛА ИМАЛО УШТЕ ОД ТУРСКО

Октомври 20, 2019

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

 

Урбанистички правила во Битола имало уште е во османлиско време, пишува етнологот и конзерватор Викторија Момева Алтипармаковска во книгата „Традиционална архитектура во Битола и Битолскиот крај“.

Димензиите, формите и големината на парцелите во минатотото биле со стандардна големина, каде што секоја парцела имала приближно 12 метри широчина. Во парцелите во централниот дел на Битола во турско време биле сместени куќите на агите и беговите. Но, со доселувањето на ново население доаѓало до стихијна купопродажба и делење на парцелите, па од таму и неизедначеност и деформација. Така се појавиле закривените улички и чикмаци, со неправилна форма на урбаните блкови, но со голема органска функционалност, што ја добивале спонтано без строго планирање.

Најстарото јадро на градот било меѓу црквите Св. Воскресение (Исак џамија), Св.Никола (Скршена џамија), Св. Апостоли (Ајдар кади џамија) и манастирот што се наоѓал на местото на Сунгур чауш џамија.   Тоа и денес е поширокиот центар на градот. Турците го развиле градот на левиот брег на на Драгор, под ридот Бајро на десната страна од истата река и на двете страни од реката Курделес. Дел до улиците оделе паралелно со реката Даргор, а имало и попречни улици со што се формирале квадратни блокови.

Поставеноста на куќите   била во дворот или на уличната линија. Кај куќите повлечени во дворот на нивната внатрешна страна имаат посебен влез со отворени дрвени скали, подигнат трем или чардак доколу куќата е на спрат. Кај куќите поставени длабоко во парцелите   оградните ѕидови биле долги и високи , а дрвени порти затскривале мали и поголеми дворови преплавени во зеленило и бои, патеки од камени плочи и калдрма , мермерни чешми со антични или турско-арапски орнаменти, а зад нив се криеле куќи со лесни чардаци покриени со бршлен и друго зеленило.

Подоцна сѐ повеќе се поместуваат кон уличниот ограден ѕид, а во 19 век со едната фасада излегуваат на улица, дури се надвиснуваат над улицата со своите еркери, така што домаќините седејќи зад прозорците можеле да ја гледаат улицата и уличниот живот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани