2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Угриновска, а не Мукоски е сопственик на фирмата „ВИА“ која го реставрира Офицерски

Октомври 29, 2019

Фирмата „ВИА“ ДОО од Вевчани ќе ја изведува реставрацијата на Офицерскиот дом. Во документот од Централниот регистар што го извади Апла.мк, како сопственик на фирмата се води Марица Угриновска, а не како што се шпекулираше на социјалните мрежи дека тоа е фирма на Крсто Мукоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој на 27 април ги отвори вратите за толпата да влезе во Собранието. И на договорот за реставрација потпишан е Ѓорги Угриновски, кој во Централниот регистар е заведен како едно од овластените лица во фирмата.

 

Координаторот на советниците од локаното мнозинство предводено од СДСМ, Методија Илиевски, на денешната седница информациите дека Муковски ќе го обновува Офицерски ги оцени како дезинформации.

„Офицерскиот дом кој беше рак рана на Битола, беше руиниран со години, од пред десетина дена започна реконструкцијата и ќе светне во страиот сјај. За душегрижниците кои сакаат да бидат интересни во јавноста, а погрешни им се информациите, треба да знаат дека избран изведувач на Офицерскиот дом е фимата ДОО ‘ВИА’ од Вевчани, таа не е фирма на Крсто Муковски, негова фирма е фирата ‘Атриум’, така да погрешни информации се пласираат во јавноста“, рече Ииевски.

Инаку, Општина Битола не го распишуваше, нити одлучуваше по тендерот за извор на изведувач. Постапката се одвиваше преку Единицата за спроведување на прокетот за локална и регионална конкуретност.

Подготвителните активности за реставрација на Офицерскиот дом веќе се започнати. Офицерскиот дом се чисти и подготвува за реконструкција. Мајстори од Битола и Вевчани веќе ги исчистија внатрешните простории на Офицерскиот дом од ѓубре и ги ги искорнаа штиците од подот кои беа руинирани. Велат дека ќе подолжат со реконструкцијата и дека ќе биде се средено од дограмата до фасадата.

 Надвор работници го заградуваат објектот со тараби за да се обезбедат услови за реконструкција. Пред Офицерскиот дом поставена е табла на која пишува дека сереконструира со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупниот износ е 30 995 736 денари, а изведувач е фирмата „ВИА“ ДОО од Вевчани.

Офицерскиот дом е архитектонски бисер на Широк Сокак кој датира од почетокот на 20 век. Долги години беше запуштен, за време на претходната власт се направи обид да се продаде, но, битолчани се побунија и тогашната Влада се откажа од таквиот план. Обновата на Офицерскиот дом беше едно од главните ветувања на градоначалниката Наташа Петровска за време на локалните избори.договор

(копија од договорот)

Редакција Апла

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани