АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученичката од средното Техничко училиште во Битола, Евгенија Дивитарова освои златната плакета на 40 јубилејна меѓународна изложба МАКИНОВА 2019.Наградата е за нејзината иновација, новата CNC машина која гравира и дупчи со бормашина. Во мошне силната конкуренција, ученичката Дивитарова, под менторство на проф. Билјанка Христовска, освои златната плакета. На изложбата учествуваа над 30 учесници кои ги презентираа своите иновативни решенија и достигнувања.
На 8, 9 и 10 ноември во Музејот на град Скопје се одржа традиционалната и најголема меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 , оваа година јубилејна 40-та по ред. Овој настан е во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.
Евгенија и минатата година имаше златен медал на Макинова и е една од оние млади луѓе кои постојано се инвентивни и истражуваат. Со својот труд таа го привлече вниманието и на претседателот на Р.С.Македонија, Стево Пендаровски.
На изложбата беа изложени пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво.
Евгенија и овој пат доби поддршката од ФОД Битола.
А.Б