АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Љубица Стерјова од денеска е новата директорка на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, таа доаѓа по предлог на Либерално-демократската партија. Стерјова повеќе од 10 години е одделенски наставник , а има и девет годишно искуство како менаџер-асистент и едукатор во УНИЦЕФ на неколку проекти.
ЛДП, чии лидер е Горан Милевски, по поделбата на власта на општинско ниво, доби клучни позиции во управувањето на локалната самоуправа, а веќе ги враќа и старите раководни места во битолското образование.
Во текот на декември се очекува Александар Цветковски, професор по предметите математика за економисти и практична настава да биде именуван за ве-де директор на средното економско училиште „Јане Сандански“ . Токму од Економското доаѓа и актуелната политичка гарнитура во Битола, пратеникот Милевски, градоначалничката Наташа Петровска и советникот на ЛДП, Јани Налбанти.
Оваа партија по локалните избори на 15 октомври, со назначувањето на Валентин Груевски за претседател, раководи со највисоката позиција во Советот на Општина Битола.