2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Дијабетот ми даде челична волја и дух, сведоштво на Ели Секуловска

Ноември 14, 2019

„Ме прашуваат како е да се живее 30 години со дијабетес тип 1, а јас им велам нормално како и сите останати луѓе, само што јас успеав да наметнам строга дисциплина во исхраната и контрола на стресот зашто стресот е најголемиот непријател на дијабетесот.

Вака битолчанката Ели Секуловска на Меѓународниот ден за борба против дијабетот раскажа за сопствената борба со ова заболување. Таа приуствуваше на вчерашната трибина во организација на Здружението на родители на деца со дијабет тип 1.

„Како дете се прашував зошто баш јас, зошто токму јас се споболив, кога во моето семејство никој не боледуваше од дијабет 1. Болеста ја прифатив како едно големо животно искуство кое ми отвори нови хоризонти кон теологијата, филозофијата, психологијата и литературата. Да не беше таа, можеби немаше да истражувам толку многу барајќи ја вистината. Па и мојата професорка на Електро-техничкиот факултет ме убедуваше дека во суштина борбата и убавината е во недетерминираноста, односно во нерамнотежата за да стигнеме до совршенство. Таа компилација од истражувања ми помогна да разберам дека болеста е таа што секогаш ми даваше правец и насока кон доброто, ми даваше челична волја и дух“, рече Секуловска.

Додаде дека при секое интервју за работа била прашувана и за здравствената состојба, но таа не дозволила дијабетот да ѝ се испречи на патот.

„Кога сум одела на интервју за работа ме пшрашувале дали можам да работам покрај мојата состојба со дијабет. Сум работела и на градилишта рамо до рамо со сите мажи, оти и професијата ми е таква и не заостанував позадри другите инженери во самиот градежен проект“, додаде Секуловска..

На крај истакна дека и политичарите Тереза Меј, Винстон Черчил, актерката Хали Бери, па и Гери Хол трикратен олимписки победник во пливање, сите се бореле со состојбата на дијабет 1 па се носеле со предивиците на животот.

Родителите на деца со дијабет побараа од државата да обезбеди сезнори за континуирана проверка на шеќер во крвта, да се вработи во битолското здравство педијатар ендокринолог и да се направи регистар за деца со дијабет во земјава. На настанот беше приустна и градоначалничката Наташа Петровска која рече дека ја имаат поддршката од Општината и дека нивните барања ќе ги пренесе и до ресорното министерство.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани