2win800x200

Објавена фото-монографија за партизанот и голем уметник на Февруарскиот поход

Ноември 18, 2019

Младите генерации да не заборават никогаш низ што врвеле нашите претходници за да ја стенат слободата, порача Данка Јанковска на промоцијата на фото-монографијата „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ посветена на нејзиниот татко, партизан и голем уметник.

Тоде Ивановски (1924-2005) беше познат по цртежите што ги остави за НОБ, посебно за Февруарскиот поход во кој учесник беше и самиот тој. Генерации израснаа гледајќи ги неговите цртежи во учебниците по македонски јазик и историја. Неговите цртежи од НОБ беа едни од најзастапените во учебниците и лектирите. Критичарите за Тодор Ивановски (1924-2005) велат дека со една линија со молив или туш знаел да наслика цела композиција, па и битка од НОБ..книга

„Фото-монографијата е збикрка фотографии од творештвото на татко ми и искажувања на луѓе во чии сеќавања е врежан ликот на Тоде Ивановски како наставник, колега, пријател, компшија, граѓанин на Битола. Мајка ми и татко ми цел живот беа заедно од партизанските денови до крајот на животот. Јас и мојот брат сме најбогати со доживувањата стекнати уште во најраното детство. Ако пишував што сѐ ни раскажувале, ова немаше да биде фото-монографија туку ќе беше роман. И имаше што да прочитаат луѓето и особено младите генерации. Сакам една порака да упатам до младите генерации да не заборават никогаш низ што врвеле нашите претходници за да ја стенат слободата“, рече Данка Јанковска, автор на фото-моногрфијата и долгогодишна битолска новинарка.

Во книгата има цртежи од НОБ и потоа, фотографии на Ивановски од времето додека бил наставник во училишта, фотографии со ученици, колеги, наставници, од општествениот ангажман, а место најдоа и извадоци од информации што беа објавувани за битолскиот уметник.

Промоцијата на фото-монографијата се совпадна со датумот од пред 75 години кога во Зајас Кичевско за време на Февруарскиот поход бил ранет во левата рака. Настанот беше во организација на Сојузот на борци од Битола, а претседателот Александар Трајковски, Февруарскиот поход кој беше една од клучните акции за ослободувањето на Македонија, а кого најавтентично го наслика Ивановски, го спореди со маршот на Дрина.

„Тоде Ивановски беше уметник и згораф на историјата. Човек кој направи многу за историјата на НОБ и со својата автентичност изнесе доста детали за Револуцијата. Имаше можност да учествува во Феввруарскиот марш каде учествуваа повеќе партизански бригади, на чеко со командантот генерал Апостолски. Ја прикажа таа револуција, тој поход бидејќи го споредуваме со маршот на Дрина. Нацрта многу партизани кои настрадаа во тешкото невреме бидејќи имаше голем студ и снег. Тој тие ги наслика со целото нивно страдање, но и ентузијазам, исдржливост и непокор“, рече Тодоровски.

Лилјана Христова, историчар на уметниост, за Ивановски рече дека создал серија цртежи со лирско-дескриптивен ликовен израз кои претставуваат значаен придонес во ликовната уметност од периодот ан НОБ, посебно со документарниот –ликовно естетски карактер на белешки од непосредните борбени дејствија.

„Делата од овој период се наоѓаат во врвни институции на ликовната уметност кај нас, пред се во Музејот на современа уметност во Скопје, во Воениот музеј во Белград, во Воениот музеј во Пула и во посебната поставка во Завод и музеј Битола. По ослободувањето изработува платна со големи димензии во кои со драматичност на настани и посебна психолошка изразност на напатениот работник го глорифицира периодот на изградба на нашата земја“, рече Христова.

Беше даден и предлог неговата збирка раскази „Црвениот виор“ да биде препечатена зашто во 1970 година била издадена во 1500 примероци и веднаш раздадена.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани