2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Битола мој роден крај“ звучеше волшебно од трубата на Џамбо Агушев

Ноември 17, 2019

Вистински вулкан, како што впрочем беше насловен и концертот, се случи вечерва во Центарот за култура на последната вечер од Фестивалот на музика од светот со настапот на Џамбо, оркестарот Агушеви и специјалниот гостин, битолскиот кларинетист Благојче Трајковски.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=5mw7vi6_LBA&feature=youtu.be{/YouTube} Марија Магдалена Петковска Микаровска

 

Со музичкиот репертоар изведен на девет дувачки инструменти, музичарите ја станаа публиката на нозе. Ова беше највеселата вечер од Фестивалот. Салата ја исполнија со фузија на традиционалната музика од Балканот со примеси на свинг, џез, поп, филмска, изворна народна музика, а прозвучија и македонски забавни хитови. Тандемот Агушев и Трајковски цела вечер водеше дијалог преку трубата и кларинетот создавајќи музичка плетенка.оркестар

Фото -Диоген Хаџи Коста Милевски 

При крајот на концертот Џамбо свирејќи на трубата се симна меѓу публиката во која беа присутни и градоначалничката Наташа Петровска, директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, како и други претставници на локалната власт. Слегувањето во публика на Агушев битолчани го пречекаа со аплаузи што даде дополнителен штимул на атмосферата.

Концертот траеше повеќе од час и половина, а публиката оркестарот го врати на бис. Пред да се појави повторно, Џамбо од зад сцена почна да ја свири „Битола мој роден крај“ со што публиката повторно ја стана на нозе. Фестивалот на музика од светот не можеше да има поубав крај.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани