2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолските гимназијалци пред 79 години и покрај казните го рецитирале Рацин

Декември 08, 2019

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

 

Битолската гимназија, една од најстарите во државата, која опстојува 127 години има голема и значајна историја. Била отворена уште во 1892 година во големата куќа на Сали паша, која за да се купи и приспособи во училиште биле потрошени над 1000 лири. Во почетокот опстојувала како турска гимназија и ја нарекувале Идади Милки.

Сепак, историската улога ја одиграла подоцна, по Балканските војни и Првата светска војна кога Македонија подпаднала под срспака власт, а училиштето прераснало во српска гимназија. Во тој период според книгите на битолскиот историчар Ѓорѓи Димовски-Цолев (1929-2015), кој долги години од својот работен век помина како професор во Гимназијата, целта била училиштето да послужи за кај младото македонско население да се всади српско национално чувство и да се создаде упориште на асимилирасна месна интелигенција. Пропагандата била толку јака што останатите училишта биле затворени, па сите ученици од југоспадниот крај се школувале во Битола, а имало и интернат каде се нуделе бесплатни оброци за посиромашните. Ученици биле запишувани со презимиња со наставка –иќ. Гимназијата ја посетил и српскиот престолонаследник Александар Караѓоргевиќ и зел под своја издршка десет ученици.

„Но, не само што не успеале во намерата, туку станало сосема обратно. Благодарение на својата образовна дејност, преку наставното градиво и другите активности во училишните дружини, преку својата строгост и барања за издржани солидни знаења, битолската гимназија го подигна културното ниво на учениците и создаде млада македонска интелигенција, со нагласен македонски патриотизам“, напишал Цолев.

Според него, посебно влијание извршиле секциите и друштвата, каде во раководните тела учениците бирале лица кои не ја спроведувале српската идеологија. Имало дури и случај кога во Гимназијата биле казнети неколку ученици зашто без дозвола на управата зеле учество како актери во изведба на драмата „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински во 1920 година. По тој повод, директорот на училиштето Глигорие Хаџи Ташковиќ ги казнил учениците, а против нивниот учител кој се обидел да ги заштити, поднел тужба до Началството во Битолскиот округ, обвинувајќи го за навреди и клевети.

„Била формирана и илегална библиотека надвор од гимназијата и се чувала во домот на гимназијалецот Константин Поповски. Во неа имало марксистичка, економска и филозофска литература. Во 1940 година во библиотеката биле добиени и првите литературни творби на македонски јазик „Бели Мугри“ од Рацин и „Песни“ од Неделковски. Се учеле на памет со чувство на голема национална гордост. Нелегалните литературни изданија, како и фотографии со ликот на Гоце Делчев, напредните младинци од гимназијата ги растуралемеѓу своите другари и роднини“, запишал историчарот.

Цолев бил сведок на дел од случувањата зашто пред војната учел во Битолската гимназија. Таму предавал историја и по ослободувањето. Тој е единствениот историчар кој детално ја проучил историјата на битолските училишта. На животи велеше дека ретко која образовна институција може да се пофали со плејада на квалитетни дејци кои завршиле во неа, како Битолската гимназија. Пред војната тука учеле Андреја Савевски, Лилјана Чаловска, Круме Кепески, Коле Чашуле и други. Дел од учениците загинале во партизани и биле прогласени и за народни херои, како Стив Наумов, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди. Еден дел од битолските гимназисти што останаа во живот по војната станаа и академици како Михајло Петрушевски, доктор по класични јазици, Фанула Папазоглу, историчар, Петре М. Андреевски, македонски пистаел и поет, Владо Камбовски, диктор по правни науки и други.

                                                                       

В година на шести февруари, Гимназијата ќе слави 75 години откако таму за првпат во земјава започнала настава по македоснки јазик во средно училиште.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани