АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Семејството Ковачевски од Битола денес со голема донација во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Тие целосно го реновираа машкиот оддел на хирургија и тоа целата санитарија, водовод, обезбедија комплетна опрема за сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, телевизиори, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените,реновирани се ходниците.
„Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на Хируршкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобрите услови за работа. Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка болница- Битола раководена од директорот Др.Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели благодарница. Директорот денес искажа голем восхит што едно битолско ценето семејство се вложи за битолчани. Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. Од битолчани за Битола. Да ѝ го вратиме сјајот на Клиниката нашата гордост на градот и пошироко бидејќи сите сме потенцијални пациенти“, рече Сузана Конеска, портпарол на Битолската клиничка болница.
Од фотографиите во продолжение може да се види како изгледаа болничките соби пред и после реконструкцијата
Ж.Здравковска