АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„И најмалата честичка на доброто да ја пораснеме заедно“, рече градоначалничката Наташа Петровска, на денот кога Битола го чествува својот патрон Свети Нектариј Битолски, испраќајќи порака на граѓаните кои со транспаренти дојоа во фоајето на театарот додека траеше свечената академија и од неа побараа чист воздух
Претходно, слична порака Петровска упати и од свечената академија во Народниот театар, воочи утрешното празнување на заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски.
„Празникот ни носи вредности, кои не се непрепознатливи, доброљубието, мирољубието и чвекољубието. Ако живееме со овие вредности, тогаш дефинитивно ги пееме тоновите на химната на вистинското опстојување. Искрената молитва е онаа која доаѓа длабокои го препознава здивот на душата, а очите ги има во срцето. Ако се потпираме на неа и живееме со таква светлина и таква искреност, во тој случај никогаш не постои опасност да се затвориме во куса временска капсула и да не ги надминеме границите на вонземното. А имаме така добар пример преку нашиот Св. Нектариј Битолски за тоа како треба да се однесуваме. Тоа дефинитивно не подразбира ниту говор на омраза, ниту пак подразбира лицемерие. Она што Ви го посакувам на сите Вас е добро здравје и добар вид, да ја препознаеме и најситната честичка на доброто, затоа што таа може да порасне ако сите заедно раснеме со неа“, истакна Петровска.
На духовната академија настапија Византискиот хор „Св. Ахил Преспански“, женскиот хор „Св. Макрина“ и Византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“.