2win800x200

Зарина Првасевда на Фејсбук објави дека за Нова година ќе пее за битолчани

Декември 23, 2019

Етно музичарката Зарина Првасевда на Фејсбук се пофали дека за најлудата ноќ ќе ги забавува битолчани на плоштадот Магнолија. Општина Битола  се уште ја нема официјално објавено новогодишината програма  за дочекот на Новата 2020 на плоштадот Магнолија.

Зарина Првасевда ќе ги забавува битолчани од 23 и 30 часот на 31 декември, па се до 1 часот по полноќ на 1 јануари 2020. Таа на својот фејсбук профил напиша дека радост и чест е годината да ја заврши „дома“меѓу свои луѓе.

-Понеделник е ден за убави вести! Радост и чест е што ќе ја имам можноста овој искачен левел да го завршам во една моја „дома“ , меѓу свои и драги луѓе! Долетајте ни сите кои сеуште размислувате каде, зошто среќата се множи кога што повеќе се дели! Се гледаме на 31.12 . 2019 во магичната Битола заедно да отвориме срце за добредојде на новата приказна - 2020 година!, пишува таа на својот Фејсбук профил.

80265887 464018537844310 6425431766722412544 o

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани