Евгенија Здравевска и попозната како Зарина Првасевда, псевдоним зад кој се потпишува девојката со славејски глас го победи Ковид -19 и запеа, испраќајки порака до сите нас.Пусти да се 9 товара бела свила, ако во десеттиот има чемер... Чувајте се, сакајте се! порачува Зарина Првасевда.
-Еве една вековна, за тие што имаат 5 минути да чујат една приказна отпејана на македонски јазик, песна која поминала многу ропства и премрежиња и еве ја слободна, сеуште жива и ми циркулира во срцето и крвотокот. Пусти да се 9 товара бела свила, ако во десеттиот има чемер... Чувајте се, сакајте се, сакајте го ближниот и далечниот, оној кој зборува јазик различен од твојот, има друга боја на кожата, донесете му радост кога прославува различен празник од вашиот, запејте му на неговиот јазик, прегнете го силно и кажете му милна мисла, давајте чиста и безусловна љубов и пружете братска рака, секому без исклучок. Но не заборавајте на исконот во срцето ами пуштете го погласно да чука.Не заборавајте ја песната на вашите баби, седнете и прашајте ги за нивните приказни и патешествија, па поитајте кон светот но понесете ја во својот клун песната на вашиот предок и посејте ја како семе, на сите со гордост раскажете им ја, за да живеат вечно, како песнава..зошто така и ти бидуваш вечен, како и споменот на твојот корен, пишува Здравевска за Апла.мк .