АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мери Тромбева-Јавен обвинител во Вишо Јавно обвинителство Битола на денешната седница на Советот на јавни обвинители е избрана за прв човек на Вишото јавно обвинителство во Битола, доаѓа на местото на вишиот обвинител Димче Пажески.
Ова обвинителство функционира за подрачјето на Апелациониот суд во Битола, и во негова надлежност е надзорот на работата на ОЈО Битола, ОЈО Прилеп, ОЈО Охрид, ОЈО Струга и ОЈО Ресен.
За шеф на Основното јавно обвинителство во Битола останува досегашниот Антонио Јолевски како вршител на должност до назначување на нов.
Годинава ОЈО од Битола против шест лица вработени во Општина Битола покрена обвиненија за предметот „Транспортер 2“, поради несовесно работење и злоупотреба на службена положба. Овој случај се надоврзува на работата на Специјалното јавно обвинителство кое го отвори случајот „Транспортер“ и поднесе обвиненија против градоначалникот на Битола, Владимир Талески и уште 20 други лица, за злоупотреби со превозот на ученици во Битола тешки 360.000 евра. Лани, пак, Основното јавно обвинителство од Битола покрена обвинение и против Основен Јавен Обвинител од Битола кој бил дел од деветчлена група која овозможила еден од групата да не оди во затвор поради продажба на марихуана.