2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЕВН се закани дека ќе ја исклучи струјата во битолските училишта, МОН бара решение

Декември 06, 2017

ЕВН побара битолските училишта да ги подмират долговите за електрична енергија, во спротивно   на училиштата ќе им биде исклучена струјата. Денеска екипи на ЕВН биле излезени на терен, но по интервенција на Министерството за образование, тие биле повлечени, со цел да може нормално да се одвива образовниот процес

- Дадени се предупредувања дека имаат големи долгови и доколку не се подмират веднаш ќе биде исклучена струјата. Во меѓувреме разговаравме со надлежните од ЕВН да им се даде рок и да дадеме можност за план за подмирување на долговите, со оглед на тоа што долговите се големо наследство од минатата власт, а во Буџетот во моментов нема толку средства за подмирување на тие долгови, изјави министерката за образование Рената Дескоска.

Таа најави дека ќе направат план за плаќање на рати.

 – Сега засега ги запреа активностите за исклучувањето на струјата, но планот треба да го направиме  во согласност со Министерството за финансии, рече Дескоска.

Вкупниот долг на училиштта во Битола е околу 1,7 милиони евра, а десетина со години имаат блокирани сметки. Училиштата најмногу им должат на превозниците, кои долгот си го наплаќаат со тужби, потоа за неплатена електрична енергија, комуналии. 

Еден од најголемите должници е средното медицинско училиште во Битола, „Др. Јован Калаузи“,  кое 7 години има блокирана сметка. Новоназначената диркеторка, Билјана Кокалевска, пред неколку дена соопшти дека наследи  долг од нејзината претходничка, Јамина Никиќ,  кој изнесува околу 600 илјади евра.

Неколку досегашни диркетори на битолските училишта се обвинети во случајот “Транспортер“ на СЈО, заедно со поранешниот градоначалник Владимир Талески и сопственици на транспортни фирми, дека организирале поскап училишен превоз од реалните цени, со што го оштетиле општинскиот буџет за 360 илјади евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани