АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советничките од владеачката коалиција предводена од СДСМ денес ја напуштија седницата на Совет во моментот кога на говорницата застана советникот на „Понаку“ Иван Чулакоски да дискутира.
„Се додека не добиеме одговор, на начин на кој го побаравме, ќе напуштаме дискусија. Тој одбра палки, камења и линч, ние одбравме бојкот“. Демократско право е, исто такво какво тие имаат за протестот“, рекоа советничките од СДСМ за Апла.мк.
Претходно, советничките од коалицијата дадоа изјава за медиумите во која побараа Чулакоски да одговори дали е тој лицето од Битола со иницијали И.Ч. против кого СВР Охрид на 30.07.2017 година поднесе кривична пријава за „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.
“Охрабрете се на ова прашање и одговорете со да или не. Секој одговор е само обид за прикривање на фактите. Колеги од Поинаку, нападите кон локалната самоуправа, од која сте дел и вие, нема воопшто да ви помогнат да ја дефокусирате јавноста, како што се обидувате со вашите реакции“, рече Жаклина Наумовска, советник од СДСМ.
(Фотоографија од пресот на советничките од владеачкото мнозиство)
-Како колешката Габриела Илиевска ќе продолжи да ја води Комисијата за родова еднаквост ако има во редовите на нејзината советничка група колега за кој постои пријава за противправно лишување од слобода и телесна повреда? Нејзиното релативизирање на ситуацијата за насилство воопшто не оди во прилог на принципите за кои таа тврди дека ги застапува“, рече Наумовска.
Ж.З.